„Машката“ плажа во Струга / фото: ALİ ÖZYAFA / Google Maps

20-годишно момче е пронајдено починато во Охридското Езеро

20-годишно момче денеска е пронајдено починато во Охридското Езеро, соопшти струшката полиција.

Во ОВР Струга било пријавено дека кај Машката плажа, во водите на езерото, било забележано тело на млад човек.

Полицијата утврдила дека се работи за 20-годишно момче од струшкото село Октиси.

„Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот“, велат од СВР Охрид.

Македонец за малку ќе се удавел во Грција — спасувач го извлекол од морето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот