Фото: vfmkd.org.mk

Три македонски клуба аплицираа за настап во европските одбојкарски купови

Три македонски клуба – шампионот во машка конкуренција Штип УГД, како и шампионот кај дамите Работнички Скопје и четвртопласираниот тим во Првата лига жени, Јанта Волеј Кисела Вода аплицираа за настап во ЦЕВ европските клупски купови во сезоната 2026/27.

Штип УГД со шампионскиот статус го користи своето право за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите каде пријави учество. За штипскиот состав ова ќе биде премиера во најсилното европско клупско натпреварување, откако ланската сезона дебитираше во ЦЕВ Челинџ купот.

Работнички Скопје, пак, петта година во низа ќе биде дел од европските купови. Клубот три години играше во Лигата на шампионите, додека лани учествуваше во ЦЕВ Челинџ купот, каде ќе се врати повторно и во сезоната 2026/2027.

Јанта Волеј КВ ќе се обиде преку специјална покана да обезбеди учество во ЦЕВ Челинџ купот престојната сезона. Клубот имаше одлична премиера во елитата претходното првенство, а сега ќе се обиде да држи чекор во Европа во третото по квалитет клупско натпреварување.

Пријавените екипи ЦЕВ ќе ги потврди до крајот на месецот, додека на 15 јули во седиштето на ЦЕВ во Луксембург ќе биде извршена ждрепката во сите три клупски натпреварувања во пресрет на новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот