Легендите говорат по повод 80 години од основањето на КК Работнички
Наскоро на ју-тјуб каналот на клубот ќе се емитува видео серијал со повеќе од 20 соговорници, многу легенди на КК Работнички говорат по повод јубилејот 80 години
Кошаркарскиот клуб Работнички на својот фејсбук-профил ја информира јавноста за видео-серијалот што ќе се емитува на ју-тјуб, со кој се одбележува 80 години од основањето на клубот:
Препорачано
„По повод големиот јубилеј, 80 години од основањето на кошаркарскиот клуб Работнички, сега КК Работнички АД Скопје, кој првиот натпревар го одигра на големиот празник Илинден во 1946 година, интензивно се подготвува и наскоро на ју-тјуб ќе почне да се емитува видео серијал по повод 80 години КК Работнички
Тоа се мошне интересни разговори, што се водени главно, во најголем дел од легендарните кошаркари и тренери во клупскава историја, а беа снимени во текот на изминативе 50 дена.
Епизодите ќе бидат емитувани на ју-тјуб каналот на КК Работнички, како и исечочи (најистакнати делови), (рилс) ќе бидат објавувани на овој фејсбук профил, на кој навремено ќе ве информираме, преку најави и информации, уште преку инстаграм и тик-ток каналот на клубот со најмногу шампионски титули во Македонија.
Покрај епизодите со легендарните наши членови (дел од соговорниците се: Александар Књазев, Радосављевиќ, Митко Луковски, Ѓорѓевски, Давитков, Докузовски, Марко Ивановиќ, Вукадиновиќ…), ќе бидат прикажани и епизоди во кои соговорници се јавни личности – вклучително и љубители на нашиот клуб (Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, легендарниот фудбалер Дарко Панчев, проф. д-р Љубомир Кекеновски…).
Досега, од идеја до снимање, малубројната, но мошне посветена и исклучително вредна, новинарска екипа, по претходни темелни подготовки, успешно реализираше повеќе од 20 разговори, во кои соговорниците искажуваат голема љубов и емоции, се потсетуваат и на анегдоти, кон омилениот клуб…“
Серијалот го подготви тим на четворица ентузијасти: Уредник, продуцент и едитирање Тадеј Здравковски; Водител – Живко Здравковски; Монтажа – Михаил Јосифовски; Логистика: Даниел Зарев.


