Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Ван Дајк го критикува новото правило на ФИФА: „Тоа не е добро за гледачите“

По првиот мундијалски натпревар на Холандија се огласи капитенот на репрезентацијата Вирџил ван Дајк, кој не ја искритикува паузата за хидратација директно, туку се осврна на маркетиншкиот сегмент.

„Паузите за освежување ми се навистина интересни. Разбирам зошто постојат, но не ми се допаѓа што секој пат се оди на реклами. Мислам дека тоа не е добро за гледачите кои го следат натпреварот на телевизија“, изјави Ван Дајк.

На играчите моментално им се одобрува триминутна пауза околу 22. минута од двете полувремиња, поради високите летни температури во САД, Канада и Мексико.

Ван Дајк и неговите соиграчи го одиграа својата прв натпревар на Мундијалот, ремизирајќи со Јапонија. Натпреварот, кој беше обележан со пресврти, заврши 2:2.

ВИДЕО | Доналд Трамп го прослави 80-от роденден со УФЦ-спектакл во Белата куќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот