Антониа Гиговска искрено за бившиот: Не можеше да се носи со мене
Антониа Гиговска за првпат прозборе зошто раскинала со претходниот партнер, и изјави дека синот Киан го родила во најтешкиот период од животот. Популарната пејачја беше ставена на тест на искренос во најновата епизода на емисијата „Полиграф“ кај јутјуберот Стефанатор.
Препорачано
Пред апаратот кој ја мери искреноста, Гиговска отворено зборуваше за нејзините минати врски, соочувањето со неверството, како и за мајчинството и кариерата.
На прашањето дали од себе оттурнала личност која ја ограничувала во слободата, таа одговори со да. Антониа рече дека станува збор за поранешен партнер, без да го именува.
„Партнер. Не сакам да го кажам кој е, немам ни потреба. Пред пет-шест-седум години, можеби повеќе. И едноставно не можеше да се носи со тоа што сум јас, со мојата кариера, со сите притисоци коишто оваа работа ги носи и затоа е таму каде што е сега“, рече пејачката.
Едно од најинтригантните прашања беше поврзано со верноста во врските и дали е можно да се продолжи понатаму откако довербата ќе биде нарушена. На прашањето дали постои љубов после неверство, таа кратко одговори:
„Не.“

Сепак, таа низ смеа призна дека во минатото простувала неверство, но го образложи својот став за таквите одлуки.
„Сум простила. Можеби повеќе не. Затоа што сметам дека секој човек може да згреши, меѓутоа таа грешка мислам дека подоцна ќе биде непоправлива и веќе ништо нема да биде исто после тоа“.
Гиговска се осврна и на улогата на мајка, потенцирајќи дека нејзиниот син Киан и бил најголемиот спас во животот. Таа цврсто верува дека младите мајки можат да бидат и тоа како успешни на професионален план.
„Да. И вистина е дека ќе се изгубев себеси да не се случеше Киан. Тоа ми беше најтешкиот период во животот, од секој можен аспект. Успеси зад себе имам изминативе три години како го имам Киан“.
Антониа беше прашана и за една професионална шпекулација, дали некогаш откажала свој настап поради тоа што немало доволно публика. Пејачката без двоумење потврди:
„Да.“
Таа е во среќен брак со музичарот Роберт Спасенцовски-Џокер кој е и нејзин музички соработник. Неодамна, направи спектакуларна промоција на албумот „Жена“.
ФОТО+ВИДЕО | Антониа Гиговска: Наскоро ќе има концерт за албумот „Жена“


