Науката пресуди — ова се најзгодните фудбалери на Светското првенство, а Роналдо не е ниту меѓу првите 40
Кога станува збор за изгледот, многумина би очекувале имиња како Кристијано Роналдо, Нејмар или Џуд Белингем да бидат на врвот на листата.
Препорачано
Но, според нова анализа базирана на таканаречениот „златен пресек“, титулата најзгоден фудбалер на Светското првенство му припадна на аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол.
Истражувањето го спровела компанијата „Дрим АИ“, која анализирала 150 од најпребаруваните фудбалери на Мундијалот во Канада, САД и Мексико. За проценката бил користен метод што ги споредува пропорциите и симетријата на лицето според математичката формула позната како златен пресек, пишува „Дејли мејл“.

Де Пол освоил 74,18 проценти и се најде на првото место, пред германскиот репрезентативец Каи Хаверц со 74,10 проценти и англискиот фудбалер Нони Мадуеке со 73,29 проценти.
Во првите десет места се најдоа и Мохамед Салах, Ендрик, Сон Хеунг-Мин, Ник Волтемаде, Јонатан Тах, Ваут Вегхорст и Скот Мектоминај.

Роналдо дури на 45. место
Најголемото изненадување е пласманот на Кристијано Роналдо, кој заврши дури на 45. место со резултат од 70,98 проценти. Веднаш зад него е бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор.
„Кристијано Роналдо е веројатно најдобар пример за тоа колку е специфичен овој метод. Тој е еден од најпрепознатливите и највнимателни спортисти кога станува збор за имиџот, но овде се оценуваат исклучиво пропорциите на лицето, а не стилот, харизмата или популарноста“, изјави Георги Димитров, извршен директор на „Дрим АИ“.
На листата високо се пласираа и познати имиња како Коди Гакпо, Бруно Фернандеш, Алисон Бекер, Нејмар и Џуд Белингем.

Топ 10 најзгодни фудбалери според анализата
- Родриго Де Пол (Аргентина)
- Каи Хаверц (Германија)
- Нони Мадуеке (Англија)
- Мохамед Салах (Египет)
- Ендрик (Бразил)
- Сон Хеунг-Мин (Јужна Кореја)
- Ник Волтемаде (Германија)
- Јонатан Тах (Германија)
- Ваут Вегхорст (Холандија)
- Скот Мектоминај (Шкотска)
Што е златниот пресек?
Златниот пресек е математичка формула развиена уште во античка Грција, а подоцна користена од уметници и архитекти како мерка за идеални пропорции. Според оваа теорија, колку пропорциите на лицето се поблиску до бројот 1,618, толку лицето се смета за посиметрично и поестетски привлечно.
Сепак, и самите автори на истражувањето нагласуваат дека математиката не може целосно да ги измери харизмата, шармот и присуството што некои спортисти ги имаат надвор од теренот.


