Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани - Фото: Фејсбук/ Општина куманово

ФОТО | Музика, спорт и култура — Куманово беше домаќин на четири меѓународни настани

Во текот на изминатиот викенд, Куманово пулсираше во знакот на културата, спортот и музиката, претворајќи се во вистински регионален центар кој обедини илјадници посетители, учесници и гости од земјата и странство. Општина Куманово, како организатор на настаните, заедно со своите партнери од културните и спортските институции, овозможи четири големи меѓународни манифестации кои ја исполнија градската атмосфера со енергија, публика и вистинско заедништво. —

Најголемо внимание привлече Мото рок фестивалот што се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе, во организација на Мото клуб „Мечки“. Под мотото „Срце без граници“, дводневната програма донесе вистински музички спектакл, каде централно место зазедоа легендарните „Ван Гог“ од Србија, кои со своите препознатливи хитови и силна сценска енергија ја крена публиката на нозе и создадоа атмосфера за паметење. Вистионско музичко „возење“ приредија и Дани Димитровска, шпанската група „Гвадалупе Плата“, како и бендовите „Рок апотека“, „AC/DI“ од Италија, „Overload“ и „Tumba“, кои заедно со богатата придружна програма, бајкерските дружења, детските активности и традиционалниот моторџиски појадок, го претворија фестивалот во вистинска празнична мото-рок манифестација. Настанот беше посетен од над 10.000 посетители од целиот регион.

Паралелно со фестивалската еуфорија, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа и танцовата претстава „Primitive Science“ во изведба на „Денс студио Ултра“ од Куманово. Со современ сценски израз и силна визуелна естетика, перформансот донесе поинакво уметничко доживување кое беше топло прифатено од публиката.

Спортската програма исто така го потврди меѓународниот карактер на викендот. Во организација на Карате клуб „Башкими 2002“, во спортската сала во Куманово се одржа првиот меѓународен карате турнир, каде учество зедоа натпреварувачи од повеќе земји од регионот и пошироко, создавајќи силна спортска конкуренција и фер натпреварувачки дух.

Врвот на спортските настани беше шестиот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој се одржа на градскиот плоштад и донесе вистински спортски спектакл под отворено небо. Боксерите од 13 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Бугарија, Турција, Унгарија, Романија, Молдавија, Италија, Германија, Белгија и Казахстан, се натпреваруваа пред бројна публика која со голем интерес ги следеше борбите и ја потврди силната спортска традиција на градот.

Со реализацијата на овие четири големи настани, Општина Куманово уште еднаш ја потврди својата улога како значаен центар за културни и спортски случувања во регионот, кој преку поддршка од Општинскиот сојуз на спортови, Министерството за култура и Министерството за спорт, континуирано создава услови за развој на културата, спортот и меѓународната соработка.

Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово
Куманово домаќин на четири големи меѓународни настани – Фото: Фејсбук/ Општина куманово

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот