ВИДЕО | Некои луѓе се шокирани — Џејмс Франко се појави како од „гром од ведро небо“ со чудни видеа на „Тикток“
Холивудскиот актер Џејмс Франко (48) исчезна од јавноста, но и од големото платно. Поранешниот филмски заводник, кој оствари бројни впечатливи улоги, во 2018 година се соочи со обвинувања за сексуално несоодветно однесување поднесени од пет жени. Четири од нив беа поранешни студентки по глума што ги обучувал Франко. Ѕвездата потоа се повлече од јавноста и од глумата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерот ги збуни корисниците на „Тикток“
Меѓутоа, Џејмс Франко сега се појави и тоа како „гром од ведро небо“. Актерот ги шокираше корисниците на социјалните мрежи, откако се појави во серија видеа на „Тикток“, мистериозно зборувајќи за „луди работи што се случуваат“.
Актерот очигледно отворил профил на Тикток, споделувајќи серија сè побизарни видеа каде што чекори напред-назад и се однесува чудно.
@jamesfranco2319I can’t say to much right now. But stick around and I promise it will all make sense.♬ original sound – James Franco
„Еј луѓе, ова е Џејмс Франко. Јас, навистина Џејмс Франко. Јас сум тука во мојата куќа. Не промовирам ништо, во ред? Го правам овој налог затоа што, во ред, се случуваат некои сериозни, некои сериозни глупости. Во ред, и погледнете овде, ова е реално. Во ред, јас сум реален. Тоа сум јас, не вештачка интелигенција, не е што било. Во ред? Може ли ВИ Џејмс да го направи ова?
Потоа на парче хартија го напишал своето ново име на тикток-профилот, @jamesfranco2319, пред да продолжи: „Ова сум јас. Во ред. За оние што знаат. Во ред. Се случуваат некои сериозни работи; затоа ве контактирам, затоа го правам ова. Во ред? Знам, можеби изгледам луд, како, зошто, што се случува, што е трикот? Не, ова е вистинско. Навистина. Во ред, не можам да кажам премногу во моментов. Само треба да ме следите, тогаш ќе знам кој е долу и ќе ви покажам некои луди работи. Во ред? Само следете ме, ќе ви покажам, ќе ви покажам.“
Шокираните корисници збунето коментираат – некои се прашуваат што се случува со Франко, додека други сметаат дека актерот тоа го направил како своевидна најава за некој негов следен филмски проект.
Франко најави нов филм
Ако се вратиме неколку недели наназад, Џејм Франко потврди дека се враќа во Холивуд со улога во голема студиска продукција, по години во кои во голема мера се држеше подалеку од мејнстрим филмската сцена. Актерот се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан со својата долгогодишна партнерка Изабел Пакзад, а заедно присуствуваа на проекцијата на филмот „Електричниот бакнеж“.
View this post on Instagram
Во интервјуто за „Дедлајн“, 48-годишниот Франко откри дека пристигнал во Кан не само како гледач, туку и затоа што има нова улога во сè уште неоткриена холивудска продукција.
Иако не даде детали за проектот, рече дека филмот веројатно нема да биде објавен оваа година.
„Нема да биде готов за ова лето, но претпоставувам дека ќе излезе на крајот од оваа година или на пролет/ лето 2027 година“, рече тој.
Франко додаде дека тоа е неговиот прв голем студиски филм од 2017 година, кога го сними филмот „Уметникот на катастрофите“.
Обвиненија за сексуално вознемирување на студентки
Франко исчезна од Холивуд во 2018 година откако беше во центарот на обвинувањата за сексуално вознемирување. Двете жени кои го тужеа покренаа судска постапка, но во 2021 година беше постигната спогодба и Франко се согласи да им плати повеќе од два милиони долари. Неговото филмско и глумачко училиште Студио 4, кое тој го ко-основаше во 2014 година, се затвори само три години подоцна. Актерот Џејмс Франко во 2022 година призна дека спиел со студентките од актерското училиште коешто претходно го водел, речиси четири години откако против него беа изнесени обвиненија за сексуално недолично однесување.
Тој тогаш изјави дека „многу работел“ на себе откако се појавиле обвинувањата и дека се опоравува од зависноста од секс од 2016 година. Говорејќи во поткастот „The Jess Cagle“, Франко рече дека додека предавал „спиел со студентките, а дека тоа било погрешно“.
Оттогаш, тој остана подалеку од центарот на вниманието, со што го прекина своето долгогодишно пријателство со соработникот, актерот и комичар Сет Роген, кој пред неколку дена повторно изјави дека никогаш повеќе нема да работи со Франко.
Славниот заводник призна: Спиев со моите студентки, бев зависен од секс


