Фото: ЦУК

Пожарот во Штип е изгаснат, очевидец тврди дека двајца пиромани го подметнале

Пожарот што изби во атарот на селото Долани, Општина Штип е изгаснат, потврдија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму посочуваат дека во гаснењето на огнената стихија бил ангажиран и авион на Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата Штип, а притоа помагал и локалец, кој тврди дека пожарот бил подметнат.

„По сведочењата од еден селанец, кој се здобил со лесни телесни повреди при обид за гаснење, пожарот бил подметнат од две непознати лица кои побегнале“, соопштија од ЦУК.

Во пожарот горила голема површина сува трева, стрниште и нискостеблеста шума.

„Во гаснењето учествуваше противпожарната бригада од Штип со 4 возила и 15 пожарникари, доброволното противпожарно друштво со 2 возила и 6 доброволци, механизација од јавното претпријатие ‘Стипион’ од Штип, со 4 трактори кои направиле појас пожарот да не се движи кон селото, како и пожарникари од Радовиш едно возио и оператор на дрон“, нагласуваат од ЦУК.

ВИДЕО | И натаму гори во Штипско, пожарот го гаснат „Ер трактори“, помагаат и мештаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот