Џастин Трудо го пропушти натпреварот на Канада за да биде со Кети Пери, фудбалските фанови жестоко го искритикуваа
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо се најде на удар на критики откако го пропушти првиот натпревар на канадската репрезентација на Светското првенство 2026 и наместо тоа присуствуваше на натпреварот меѓу САД и Парагвај во Лос Анџелес, каде што неговата партнерка Кети Пери настапи на церемонијата на отворањето.
Препорачано
На социјалните мрежи многумина му замерија што не бил на трибините во Торонто за да ја поддржи Канада во дуелот против Босна и Херцеговина, туку бил во Калифорнија за да ја гледа поп-ѕвездата.
Трудо реши да одговори на критиките со кратка и духовита порака.
„Понекогаш должностите на добар дечко повикуваат. Но, знаете за кого навивам да го освои пехарот“, напиша тој на социјалните мрежи, додавајќи го канадското знаме.
Sometimes supportive boyfriend duties call. But you know who I’m rooting for to take the Cup 🇨🇦 https://t.co/85DXvsyCPp
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) June 14, 2026
Камерите го уловија моментот кога Кети Пери по својот настап се стрча кон Трудо и го поздрави со бакнеж. Во текот на натпреварот двајцата неколкупати беа прикажани во телевизискиот пренос како уживаат на трибините.
Сепак, дел од канадската јавност не беше воодушевен. Некои корисници на социјалните мрежи го нарекоа „предавник“, додека други оценија дека неговото отсуство од натпреварот на Канада било разочарувачко.
Нивната љубовна приказна
Љубовната приказна меѓу Кети Пери и Џастин Трудо започна во летото 2025 година, само неколку недели по официјалната потврда дека пејачката и актерот Орландо Блум ја завршиле својата врска.
Во јули истата година двајцата беа фотографирани на вечера во Монтреал, по што почнаа шпекулациите за романса. Иако на почетокот се обидуваа да ја задржат врската подалеку од јавноста, во октомври беа фотографирани како разменуваат бакнежи на јахта во близина на Санта Барбара.
Во следните месеци сè почесто се појавуваа заедно на јавни настани, а во декември 2025 година и официјално ја потврдија врската преку објава на Инстаграм.

Годинава заедно присуствуваа на фестивалот „Коачела“, на неколку филмски премиери, а неодамна и на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк, каде што за првпат позираа како пар на црвениот тепих.
Трудо претходно беше во брак 18 години со Софи Грегоар, со која има три деца, додека Кети Пери има ќерка од врската со Орландо Блум.
Канада освои историски бод против Босна и Херцеговина
Додека Трудо беше во Лос Анџелес, канадската репрезентација го играше својот прв натпревар на домашен терен на Светското првенство и ремизираше 1:1 со Босна и Херцеговина.
Босанците поведоа преку Јово Лукиќ, но Канада успеа да се врати и да освои бод благодарение на голот на Сајл Ларин.
Ремито има историско значење за Канаѓаните, бидејќи тоа е првиот бод што репрезентацијата го освоила на Светските првенства. На претходните настапи во 1986 и 2022 година Канада ги загуби сите свои натпревари.
ВИДЕО | БиХ не издржа за големо славје среде Торонто, Канада дојде до бод


