Фото: kfshkendija.com

Артим Положани е нов тренер на ФК Шкендија

Фудбалскиот клуб Шкендија го комплетираше стручниот штаб што ќе го предводи тимот во новата сезона, со јасни цели за успех на домашната сцена и најдостоен настап во европските клупски натпреварувања.

Довербата да го води тимот му е дадена на поранешниот капитен, Артим Положани, кој е назначен за шеф на стручниот штаб на Шкендија.

Добро познато име за тетовските „црвено-црни“, Положани ги бранеше боите на Шкендија како фудбалер неколку пати, држејќи ја и капитенската лента. По завршувањето на кариерата како играч, тој продолжи со својот ангажман во фудбалот на разни технички и менаџерски позиции, стекнувајќи искуство како помошник тренер, главен тренер и спортски директор.

Беким Османи ќе биде помошник тренер на Положани, додека стручниот штаб е засилен со помошникот и видео аналитичар, Куштрим Вока. Саладин Мустафи продолжува со своите должности како тренер на голманите, додека Саимир Фетахи останува одговорен за кондицијата на тимот.

Со овој состав, Шкендија продолжува со подготовките за предизвиците што ја очекуваат во новата сезона, со фокус на градење конкурентен тим и остварување на поставените цели. Екипата вечерва патува за Словенија, за подготвителната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот