фото: EPA-EFE

Хамас го поздрави договорот меѓу Америка и Иран, изрази надеж дека ќе заврши војната во Газа

Хамас го поздрави објавениот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и изрази надеж дека тој ќе придонесе за запирање на израелските напади врз Појасот Газа и Либан, пренесува „Тајмс оф израел“.

Во соопштение, групата наведе дека се надева оти договорот меѓу Вашингтон и Техеран ќе има позитивно влијание врз регионалните прашања и ќе создаде услови за ставање крај на тековните конфликти.

„Се надеваме дека овој договор ќе претставува чекор што ќе придонесе за зајакнување на регионалната стабилност и позитивно ќе се одрази врз различните регионални прашања, пред сè преку итен прекин на тековната ционистичка агресија врз нашиот палестински народ во Појасот Газа, како и ставање крај на повторените напади и прекршувања врз Либан и сите други фронтови“, се додава во соопштението.

Хамас истакна и дека безбедност и стабилност во регионот нема да бидат можни сè додека Израел ја продолжува војната против Палестинците.

Групата дополнително го обвини Израел дека продолжува да убива, да изгладнува и да раселува Палестинци, и повика на прекин на овие дејствија.

Неодамнешниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран беше поздравен од повеќе регионални и меѓународни актери, кои изразија надеж дека ќе придонесе за намалување на тензиите и за зајакнување на стабилноста во целиот регион.

 

Америка и Иран ќе го потпишат договорот за крај на војната на 19 јуни во Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот