Доналд Трамп / Фото: Фејсбук

Вашингтон го менува фокусот – војната во Украина е повторно во прв план

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, дипломатскиот фокус ќе го префрли кон војната во Украина, пренесе Еуроњуз.

Говорејќи на конференција пред самитот на групата Г7 во Евијан, Франција, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, Трамп рече дека САД гледаат простор за нови дипломатски напори.

„Вчера имавме многу добар разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и со претседателот на Русија, Владимир Путин, и гледам дека можеби можеме нешто да направиме, навистина гледам. Мислам дека и двајцата се отворени за тоа. Знаете, сега кога ова со Иран е завршено, ќе се фокусираме на Украина“, изјави Трамп.

Зеленски претходно изјави дека понудил средба со Путин на маргините на самитот на Г7, со цел да се разговара за завршување на четиригодишната војна, но, според него, рускиот лидер „не бил подготвен да разговара“.

„Испративме порака дека сме подготвени да се сретнеме со Путин за време на Г7, бидејќи таму ќе бидат присутни и претседателот на САД, Доналд Трамп, и францускиот претседател Емануел Макрон, значи Европејците плус Америка. Тоа е добра, мислам дури и многу добра можност сите заедно да се сретнеме“, рече Зеленски во разговор со новинарите.

Украинскиот претседател во неделата изјави дека за време на телефонскиот разговор со Трамп било договорено продолжување на разговорите за мировните иницијативи за Украина во рамките на самитот на Г7.

Зеленски додаде дека во разговорот му посакал успех на Трамп, пред сè во неговите напори да ја заврши руската војна против Украина.

ВИДЕО | Доналд Трамп го прослави 80-от роденден со УФЦ-спектакл во Белата куќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот