Оса / Фото: Pexels

Трагедија во Грција — почина 21-годишна девојка откако ја каснала оса

Девојка, на возраст од 21 година, вчера почина на грчкиот остров Евија откако била касната од оса, објави „Товима“.

Според сведоштва на членови од семејството, младата жена била убодена од оса и по неколку секунди изгубила свест. Нејзините роднини ја пренеле во бесознание во Здравствениот центар во градот Псахна.

Лекарите во Здравствениот центар веднаш започнале со реанимација во обид да ѝ го спасат животот. И покрај нивните напори, тие не успеале да ја спасат.

Според извештаите, девојката пристигнала во здравствениот центар во исклучително критична состојба. Нејзиното тело подоцна било пренесено во Општата болница во Халкида. Точната причина за смртта се очекува да биде утврдена по обдукцијата.

Лекарите објаснија што не треба да правите ако ве касне оса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот