ВИДЕО | Голем пожар на грчкиот остров Евија, властите наредија евакуација — пожарникари, авиони и хеликоптери се на терен
Грчките власти вчера наредија евакуација на две населени места на островот Евија и ангажираа десетици пожарникари, авиони и хеликоптери за справување со голем шумски пожар, објави „Ројтерс“. Во соопштение, противпожарната служба на земјата наведе дека 88 пожарникари и доброволци работат на гаснење на огнот. Во акцијата се вклучени и осум противпожарни авиони и шест хеликоптери. …

