фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Клоп распали: За кого е Мундијалот, за навивачите, за играчите или за продавање реклами?

Германецот ја критикуваше преголемата комерцијализација на Светското првенство

Германскиот тренер Јирген Клоп предизвика реакции на одбрување откако го кажа своето мислење за паузите за хидратација за време на Светското првенство 2026.

– Фудбалот стана заложник на шефови во климатизирани канцеларии. Тие таканаречени паузи за хидратација ни беа „продадени“ божем за добро на играчите, но тоа не е ништо повеќе од позлатен кафез изграден за спонзорите – коментираше поранешниот менаџер на Ливерпул за медиумот „ЗДФ“.

Клоп сподели коментар за тоа како тој ги гледа тие паузи.

– Ги гледам играчите како стојат наоколу за време на паузата поради топлината, додека рекламите го диктираа темпото на играта. За што навистина служи Светското првенство? За навивачите, за играчите или за продавање реклами? – отворен е Германецот.

Првиот човек на бразилскиот фудбал со државни пари ги однел сопругата и љубовницата на Мундијалот

Еден ирански фудбалер веќе нема право на влез во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот