Несреќа, судир на воз и автобус / Фото: принтскрин/ Х

Тешка несреќа во Зимбабве — воз се судри со автобус, има загинати и повредени

Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои седум возрасни и две деца, а 26 се тешко повредени кога товарен воз се судри со автобус во Триангл, во покраината Масвинго во Зимбабве, објави Ксинхуа.

Судирот се случил на железнички премин, кога автобусот, кој патувал од Чикомбеџи до Масвинго, удрил во возот.

„Во тек е истрага за причината на несреќата и повеќе детали ќе бидат објавени наскоро“, соопшти полицијата.

Во посебна изјава, Националните железници на Зимбабве соопштија дека возачот на автобусот не застанал на преминот, додавајќи дека повредените патници се хоспитализирани, а екипата за итни случаи е на лице место и спроведува спасувачки операции.

Од Националните железници ги повикаа возачите строго да ги почитуваат прописите за премини на ниво за да се избегне губење на животи и повреди.

ВИДЕО | Во Америка се урна авион кој носел падобранци, 12 луѓе загинаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот