Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Драма во гостиварско казино: маж нападнал татко и син со метален предмет и со спреј за очи

Гостиварец на возраст од 54 години синоќа бил уапсен откако нападнал татко и син во казино и ги удирал со метален предмет, а употребил и спреј за очи, соопшти полицијата.

„На 18.06.2026 22:00 часот на ул.’Илинденска’ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(54) од  Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.

Им скршил ретровизор кај Шишево, па му пукале во глава — двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот