Фото: EPA/GREG M. COOPER

Халанд, Торствед и Серлот на истото место, во истите улоги како и нивните татковци, само 32 години подоцна

Овогодинешното Светско фудбалско првенство донесе интересен случај во норвешката репрезентација, каде што тројца фудбалери тргнаа по стапките на своите татковци, кои исто така настапија заедно на најголемиот фудбалски настан.

Всушност, ваков случај никогаш порано не е забележан во историјата на светските првенства, една репрезентација да има три сина на поранешни репрезентативци, кои исто така настапија заедно на планетарното првенство и на истата локација.

Норвешка е претставена на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, меѓу другите, од Ерлинг Халанд, Александер Серлот и Кристијан Торствед, а повеќе од интересно е што нивните татковци Ал-Инге Халанд, Горан Серлот и Ерик Торствед играа заедно на Светското првенство кое исто така се одржа во САД во 1994 година.

Скандинавскиот тим, со четири бода од три натпревари, не успеа да се квалификува во нокаут фазата на натпреварувањето во 1994 година, а сега нивните синови имаат одлична можност да го надминат овој резултат, бидејќи имаат три бода пред второто коло, по убедливата победа над Ирак во првиот натпревар (4:1).

На овој меч блескаше Ерлинг Халанд со два гола, а играше покрај Александер Серлот, кој на теренот помина 72 минути. Во игра влезе и Кристијан Торствед, кој играше во последните 18 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот