Фото: Screenshot/instagram.com/crvenazvezdafk

ВИДЕО | Матеј Гаштаров постигна гол за првиот тим на Црвена звезда

Денеска како дел од подготовките за новата сезона, фудбалерите на Црвена звезда во пријателски натпревар во Златибор триумфираа над Јединство од Ужице со резултат 5:0.

Гол серијата на „црвено-белите“ ја почна Александар Катаи во осмата, Лоизос Лоиза во 11, Мухамед Чам во 14, Раде Круниќ во 22 и младиот 19-годишен македонски фудбалер Матеј Гаштаров во 55 минута кога го постави конечниот епилог.

Гаштаров, заедно со уште една македонска фудбалска надеж (16) летово тренира со првиот тим на Црвена звезда.

Црвена звезда предводена од тренерот Дејан Станковиќ в недела ќе замине за Австрија каде ќе тренира до 5 јули и ќе има уште три пријателски средби, против Амштетен, Слован Братислава и Славија Прага.

Првиот меч од новата сезона во српскиот шампионат, Црвена звезда ќе го игра на 18 јули на стадионот „Рајко Митиќ“ против Мачва, а крајот на јули го очекува настап во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Тре Фјори (Сан Марино) или Ларн (Северна Ирска).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот