Принцеза Ана / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Необична навика на британската принцеза — Ана за појадок јаде нешто што многумина би го фрлиле во ѓубре

Многу членови на британското кралско семејство се познати по своите специфични гастрономски навики, но појадокот на принцезата Ана се издвојува по едно изненадувачки строго и необично правило, пишува „Мирор“.

Принцезата Ана / Фото: John Walton / PA Images / Profimedia

75-годишната принцеза, која важи за една од најважните членови на кралското семејство, денот го започнува со банани, но исклучиво со оние кои се премногу зрели и со кора која е целосно поцрнета. За разлика од повеќето луѓе кои во продавница избираат жолти и свежи плодови, принцезата Ана претпочита овошје кое изгледа како веќе да е расипано.

Поранешниот кралски готвач Дарен МекГрејди откри дека и нејзината покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, имала слични барања за овошјето, но Ана оди во крајности.

Принцеза Ана – Фото: michael melia / Alamy / Alamy / Profimedia

Што велат нутриционистите?

Иако оваа навика на многумина им изгледа бизарно, експертите објаснуваат дека ваквиот појадок всушност има свои здравствени предности.

Како што бананата созрева и поцрнува, скробот во неа постепено се претвора во природни шеќери, поради што овошјето станува многу помеко, послатко, но и значително полесно за варење во споредба со позелените банани. Покрај тоа, тие се одличен извор на влакна, витамин Б6 и калиум, кои се клучни за одржување на енергијата, здрава работа на мускулите и на нервниот систем во текот на целиот ден.

Во „Круната“ изоставен најголемиот скандал, вооружениот обид за киднапирање на принцезата Ана

Откриени тајни од кралското семејство: Принцезата Ана со години ја заплашувала Камила Паркер!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот