Ен Хатавеј - Фото: Инстаграм/ @gregwilliamsphotography/annehathaway

ВИДЕО | Ен Хатавеј на 43 години ќе стане мајка по третпат – објавата собра 800.000 лајкови за помалку од еден час

Славната холивудска актерка Ен Хатавеј го очекува своето трето дете, потврди нејзиниот претставник за медиумите. Објавата предизвика лавина позитивни рекции, откако 43-годината ѕвезда на „Ѓаволот носи Прада 2“  преку кратко видео на својот инстаграм-профил ја соопшти радосната вест, пишува „Еј-би-си“.

Во видеото, Ен позира во долг, лежерен бел комплет со здолниште, со рацете прекрстени преку стомакот, пред со широка насмевка да ги тргне настрана и да го покаже трудничкиот стомак.

„Бебенце, јас сум твоја“, напиша Хатавеј во описот на видеото, користејќи ја како заднинска музика култната песна „Baby, I’m Yours“ од 1965 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

Објавата на Инстаграм собра над 800.000 лајкови за помалку од половина час, а коментарите се преплавени со честитки од нејзините холивудски колеги и милионите фанови ширум светот. Инаку, Ен Хатавеј е во брак со Адам Шулман уште од 2012 година, со кого веќе има два сина – 10-годишниот Џонатан и 6-годишниот Џек.

Оваа бременост доаѓа во можеби најубавата година за актерката, која неодамна беше прогласена за најубава ѕвезда на светот за 2026 година според магазинот „Пипл“. Во големото интервју за списанието, Ен откри дека со полнењето на 40 години конечно престанала да биде строга кон себе и ја напуштила идејата за совршенство.

„Кога почнував, мислев дека ќе бидам подобра уметница ако постојано се измачувам. Сега само сакам да стигнам до забавниот дел. Со децении ја имав најдолгата ’несмасна фаза‘ во Холивуд, никаде не се чувствував пријатно и имав анксиозност околу комуникацијата. Денес навистина ја ценам смиреноста во четириесеттите. Тешко е стекната, но ја вреднувам“, изјави Хатавеј.

Актерката, која моментално го промовира филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ каде по 20 години се враќа во култната улога на Енди Сакс, додава дека сопругот Адам и синовите се нејзиниот „тим од соништата“ кој ја држи цврсто на земја, а новото бебенце само ќе ја комплетира нивната семејна среќа.

ВИДЕО | Ен Хатавеј откри детали за борбата со слепилото, неплодноста и откажувањето од алкохол по долг мамурлак

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во светот на високата мода

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот