ВИДЕО | Ен Хатавеј откри детали за борбата со слепилото, неплодноста и откажувањето од алкохол по долг мамурлак
Холивудската актерка Ен Хатавеј (43) отворено проговори за тешките и тивки битки кои со години ги водела поради сериозните здравствени проблеми. Таа неодамна призна дека цела деценија се борела со тешко оштетување на видот, а воедно се осврна и на својот пат кон трезвеноста, како и на болната борба со неплодноста.
Препорачано
За време на гостувањето во подкастот на „Њујорк тајмс“, актерката откри детали за својата здравствена состојба која траела меѓу 30-тата и 40-тата година од животот. Таа објасни дека развила катаракта (перде на окото) на многу рана возраст, што драстично влијаело на нејзиниот секојдневен живот. Во еден момент, низ шега со водителите Џон Караманика и Џо Коскарели, рече:
„Ова можеби се премногу информации … но бев полуслепа цели десет години. Имав катаракта која се појави многу рано. Тоа толку многу влијаеше на мојот вид, што практично бев законски слепа на левото око“.
На крајот, Хатавеј морала да замине на операција. Дури по завршувањето на зафатот сфатила колку состојбата всушност била сериозна и како таа не влијаела само на очите, туку и на целиот нејзин организам. Откако конечно можела да го види „целиот спектар на бои и светлина“, забележала огромна промена во своето расположение.
„Се смирив оттогаш. Не сфаќав дека тоа слепило всушност постојано го оптоварувало мојот нервен систем. Кај мене беше така, можеби кај некој друг нема да влијае, но кај мене дефинитивно имаше огромно влијание“, додаде актерката.
Покрај проблемите со видот, Хатавеј отворено зборуваше и за својата одлука целосно да го исфрли алкохолот од употреба. Таа е цели пет години трезна, а тоа го смета за една од најважните пресвртници во животот.
Одлуката ја донела во 2018 година, водена од желбата да биде максимално присутна во животот на својот син. Призна дека мамурлаците почнале да ѝ прават сериозни проблеми во секојдневието, а капка која ја прелила чашата бил еден мамурлак кој траел цели пет дена. Иако не смета дека имала класичен „проблем со алкохолизам“, начинот на кој пиела веќе не се вклопувал во нејзината улога како мајка.
„Моето лично искуство е дека откако не пијам – сè во животот ми оди на подобро“, децидна е Ен.

Актерката покажа огромна храброст зборувајќи и за мачната борба да остане бремена. При објавувањето на својата втора бременост во 2019 година, таа јавно сподели дека патот до мајчинството не бил воопшто едноставен.
„Патот до ниту една од моите бремености не беше лесен“, призна таа тогаш, зборувајќи за чувствата, осаменоста и сомнежот во себе кои ги пратат паровите што се борат со овој проблем.
Со својата искреност, Ен Хатавеј наиде на огромна поддршка од јавноста, а илјадници жени ширум светот ѝ се за благодарија што помогна да се намали стигмата и срамот поврзани со лекувањето на неплодноста.


