Ен Хатавеј на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во Њујорк - Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Ен Хатавеј во спектакуларна црвена креација на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во Њујорк

Актерката Ен Хатавеј го привлече целото внимание на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada), која се одржа во Њујорк во понеделник вечерта. Таа прошета по црвениот тепих облечена во впечатлива црвена свилена тоалета без прерамки, усогласена со бојата на тепихот, а изгледот го надополни со накит од модната куќа „Булгари“. Креацијата се издвојуваше со струкиран корсет и раскошно набрана сукња до глуждовите со тродимензионален ефект, а ја комбинираше со сандали на платформа во иста црвена нијанса.

Косата ја носеше пуштена, обликувана во благи бранови кои нежно ги истакнуваа нејзините голи рамена. На премиерата присуствуваше и нејзината колешка Мерил Стрип, која во филмот ја толкува легендарната уредничка Миранда Пристли. Таа, очекувано, исто така избра црвена комбинација — впечатлив плашт, надополнет со црни ракавици и очила за сонце.

Екипата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ на премиерата во Њујорк – Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

Меѓу другите познати личности кои се појавија на црвениот тепих беа Емили Блант, Симон Ешли, Пејџ Десорбо, Хајди Клум и Вини Харлоу, кои исто така се истакнаа со впечатливи модни изданија.

Премиерата во Њујорк е само една од станиците на промотивната турнеја на Стрип и Хатавеј, која е целосно во знакот на модата. Актерскиот двоец веќе ги посети премиерите во градови како Мексико Сити и Сеул.

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во светот на високата мода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот