Ен Хатавеј и Адам Шулман / ABACAPRESS, Abaca Press / Alamy / Profimedia

ФОТО | Ен Хатавеј блесна со дијамантски накит вреден 50.000 долари за гламурозна вечер со сопругот

Актерката Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман, ретко се појавуваат заедно во јавноста, но овој пат направија исклучок појавувајќи се на настан во Њујорк по повод презентацијата на колекцијата „Круз“ 2027 на модната куќа „Луј Витон“ во музејот „Фрик колекшн“.

Хатавеј привлече внимание со елегантно модно издание во сиво-бел фустан, со чевли на високи потпетици и чанта „Луј Витон“, додека нејзиниот сопруг избра многу порелаксиран, лежерен стил.

Фото: ABACAPRESS, Abaca Press / Alamy / Profimedia

Ѕвездата дополнително го надополни своето елегантно издание со луксузен накит од колекцијата „Серпенти“ на брендот „Булгари“, чија вкупна вредност е речиси 50.000 долари.

Според „Инстајл“, таа носела ѓердан од 18-каратно злато со мотив на змија и дијаманти во вредност од повеќе од 27.600 долари, обетки вредни околу 5.650 евра и нараквица чија цена е приближно 13.700 евра.

Додека, Шулман носеше едноставна комбинација од бело сако, бела маичка, светли фармерки и црни патики, што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи за контрастот на нивните стилови.

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во светот на високата мода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот