Германците ќе работат до 70 години?
Германија би можела постепено да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да формира сопствен државен пензиски фонд, според предлози на комисија назначена од владата, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со планот.
Препорачано
Предлозите доаѓаат во време кога најголемата европска економија се соочува со стареење на населението и со сè поголем притисок врз јавните финансии.
Според сегашните пресметки, старосната граница за пензионирање би се зголемувала постепено секоја деценија, во зависност од очекуваниот животен век, и би можела да достигне 70 години до 2092 година.
Според актуелното германско законодавство, возраста за пензионирање треба да се искачи на 67 години до почетокот на 2030-те.
Десет пати поголеми казни за маркетите што прават профит на грбот на граѓаните, најави Мицкоски
Комисијата предлага и укинување на можноста за законско предвремено пензионирање од 63 години без намалување на пензијата.
Дополнително, се разгледува формирање пензиски фонд по примерот на Шведска, во кој придонесите од работниците и работодавците би се инвестирале во финансиски средства за исплата на идните пензии.
Целта на фондот би била да се стабилизира пензискиот систем и да се овозможи зголемување на пензиите од 2040 година.
Предлозите треба да му бидат презентирани на канцеларот Фридрих Мерц во вторник.


