epa09144551 A glowing Volkswagen logo is seen on their electric car displayed in the Volkswagen booth during a media preview of the Auto Shanghai 2021 motor show in Shanghai, China, 19 April 2021. The 19th Shanghai international automobile industry exhibition runs from 24 to 28 April. EPA-EFE/Alex Plavevski

Волксваген до 2030 година ќе скрати 50.000 работни места

Само во основниот бренд Волксваген, 35.000 работни места треба да бидат намалени до 2030 година. Работната сила веќе ќе се намали за 19.000 до крајот на 2026 година, рече извршниот директор Блум, објаснувајќи дека веќе се договорени околу 28.000 доброволни заминувања.

Германскиот гигант за производство на автомобили „Фолксваген“ е на пат да намали 50.000 работни места до 2030 година, изјави во четврток извршниот директор Оливер Блум на годишното општо собрание на компанијата, пренесува Јаху Фајнанс.

Блуме им рече на акционерите на состанокот одржан преку интернет дека ситуацијата на „Фолксваген“ е „напната и тешка“, велејќи дека условите во автомобилската индустрија се влошиле дополнително во 2026 година.

„Нашиот бизнис модел, кој беше успешен со децении, денес повеќе не функционира. Мораме дополнително да го развиваме“, рече тој.

Главниот директор ги истакна клучните точки за новата стратегија на производителот на автомобили за 2030 година, која беше објавена во мај.

Само во основниот бренд Волксваген, 35.000 работни места треба да бидат намалени до 2030 година. Работната сила веќе ќе се намали за 19.000 до крајот на 2026 година, рече Блум, објаснувајќи дека веќе се договорени околу 28.000 доброволни заминувања.

Трошоците на фабриките во германските фабрики на VW се намалија за повеќе од 20% во 2025 година, додаде тој.

Блум, исто така, ги потврди своите планови за дополнително намалување на капацитетот на фабриките. До 2030 година, тој сака да го намали капацитетот на своите европски фабрики за дополнителни 500.000 возила – покрај веќе тековното намалување од милион возила до 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот