13 лаги што му ги кажувате на вашиот лекар, а тоа никако не треба да го правите

Фото: Профимедиа

Ако постои место на кое треба да бидете сосема искрени во врска со животните навики и здравствените проблеми, тоа е ординацијата на вашиот матичен лекар. Заборавете ја непријатноста – лекарот е тука да ви помогне, а колку повеќе информации има, толку повеќе е во состојба да ви помогне.

Некои од најчестите животни навики кои пациентите ги премолчуваат пред своите лекари се:

1. Никогаш не се опивам – Прекумерното пиење алкохол може да влијае на резултатите на анализите кои ги правите и да го упати лекарот во погрешна насока ако имате здравствени проблеми.

2. Престанав да пушам – Може да изгледа како наивен начин за избегнување на уште една лекција за штетноста на пушењето, но вашиот лекар мора да знае ако пушите. Пушењето може да има влијание на одредени лекови и да ги „прикрие“ симптомите кои ги имате. Освен тоа, лекарот може да ви помогне со терапијтата или лековите да се ослободите од ова лоша навика.

3. Јадам главно брокула, освен ако во близина нема крофни! – Ако го изоставите последниот дел додека тежината и „лошиот“ холестерол ви се зголемуваат, вашата ситна лага може да предизвика големи проблеми. Кажете ја вистината – вашиот лекар би можел да ви помогне да научите како правилно да се храните.

4. Трчате секој ден – Кажете му ја на лекарот вистината за вашите животни навики и вежбање кои ги практикувате. Тоа ќе му помогне полесно да дојде до решение на некои ваши проблеми со здравјето. Ако не сте тип кој секојдневно вежба, тоа е во ред. Постојат многу начини за активен животен стил: прошетка низ населбата, активности во градината или дома…

5. Имам само еден сексуален партнер – Посетата кај лекарот не е тест на моралност. Ако во изминатата година почесто сте ги менувале партнерите, можеби сте биле изложени на некои болести и тоа би можело да ги објасни вашите здравствени проблеми. Лекарот не е тука да ви суди, туку да помогне.

6. Немам полово преносливи болести – Ако мислите дека имате сексуално пренослива болест, знаете дека ја имате или сте ја имале во минатото – информирајте го за тоа својот лекар. Непријатно е, но некои полово преносливи болести може да бидат опасни ако не се лекуваат. Исто така, се заразни. Еден непријатен момент во четири очи со лекарот може да ве спаси од многуте непријатни моменти со сексуалните партнери.

7. Во моментот немам сексуален партнер – Ви изгледа дека лажењето на сексуалниот живот и навиките е мошне вообичаено. Важно е да бидете искрени за тоа дали сте во врска со личност од истиот пол, од спротивниот пол или од двата пола. Тоа може да направи разлика, особено ако вашиот лекар се обидува да го сфати значењето на некои симптоми.

8. Мојот сексуален живот е одличен – Ако имате проблеми во спалната соба – низок сексуален нагон или еректилна дисфункција – тоа може да биде знак за болести и вашиот лекар треба да знае за тоа. Освен тоа, вашиот лекар може да ви помогне да ги ублажите симптомите со лекови или терапија кај психолог.

9. Се чувствувам одлично! – Немојте да ги игнорирате ситниците кои повремено ве мачат – тоа би можело да биде драгоцена трага за вашиот лекар. Имате ли главоболка кога вежбате? Тоа можеби не ви изгледа како голема работа, но би можело да биде знак за нешто сериозно.

10. Никогаш не земам дроги – Тоа може да биде опасна лага. Ако лекарот ви препише лекови, тие може да реагираат со дрогата и да ја влошат моменталната состојба или да предизвикаат други проблеми. Злоупотребата на дрогите, исто така, може да предизвика други симптоми кои лекарот можеби нема да знае да ги бара. Ако земате дрога повремено или сте зависни од неа, лекарот може да ви помогне да се ослободите од зависноста.

11. Не земам додатоци на исхраната – Се плашите да разговарате со лекарот за витаминските додатоци кои ги купувате во продавниците? Вашиот лекар мора да знае за тоа. Некои може да бидат опасни ако ги земате во комбинација со лековите или ако иамте одредени медицински состојби.

12. Редовно земам терапија – Речиси половина хронични болни не ги земаат своите лекови како што е препишано. Ако ја прескокнете терапијата, бидејќи сте загрижени поради нуспојави, или се чувствувате лошо додека го земате лекот, информирајте го лекарот и тој ќе ја промени терапијата ако има потреба од тоа.

13. Не земам лекови на „своја рака“ – Важно е да го информирате лекарот за сите лекови кои ги земате. Лековите против болки или за намалување на температурата можат да го попречат дејството на лековите на рецепт, понекогаш на опасен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот