Диетален сок/Фото: Pixel-Shot, Pixel-shot / Alamy / Profimedia

Лекарите предупредуваат: Овој пијалак го уништува црниот дроб, а се продава како диетален и без шеќер

Црниот дроб е орган што често го земаме здраво за готово. Додека здравјето на мозокот и цревата се популарни теми, за тоа како да го зачувате здравјето на црниот дроб здрав не се зборува толку често. Можеби треба, со оглед на тоа што црниот дроб е најголемиот внатрешен орган, клучен за метаболизмот, детоксикацијата и имунитетот.

Без функционален црн дроб животот е невозможен. Познато е дека алкохолот го оштетува црниот дроб, но заканата доаѓа и од замастениот црн дроб поврзан со метаболичка дисфункција (МАСЛД), состојба во која таложењето на масти може да доведе до воспаление. Една од причините може да бидат засладените пијалаци, па се поставува прашањето какво дејство имаат диеталните пијалаци врз црниот дроб.

Како обичните сокови влијаат на црниот дроб?

Редовното пиење сокови со шеќер е лошо за црниот дроб.

– Од сите навики во исхраната за кои разговарам со пациентите, многумина потценуваат колку влијание соковите имаат врз црниот дроб. Луѓето размислуваат за дебелеење или кариес на забите, а ретко ми паѓа на ум црниот дроб. А треба – рекла за „Парада“ д-р Трета Пурохит, гастроентеролог и хепатолог.

– Соковите содржат сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, што го поттикнува таложењето на масти во црниот дроб и може да доведе до инсулинска резистенција – објаснила д-р Неха Џахете, исто така гастроентеролог и хепатолог.

Доктор Пурохит додала дека ваквите пијалaци влијаат на телото поинаку од оние со други видови шеќер.

– Гликозата ја користат ткивата низ целото тело и е регулирана од инсулин. Фруктозата не е. Таа патува речиси директно во црниот дроб, кој голем дел од неа го претвора во масти. Со текот на времето, како што се таложи овие маст, црниот дроб станува воспален и може да дојде до создавање ткиво со лузна. Она што започнува како замастен црн дроб може да напредува во посериозна болест, а истражувањата покажуваат дека тоа може да се случи независно од дебелеењето. Газираните пијалаци не само што придонесуваат за болести на црниот дроб преку дополнителни калории, туку и директно – рекла д-р Пурохит.

Таа ги истакнала и научните истражувања што го потврдуваат ова. Една мета-анализа на повеќе од 35.000 луѓе покажала дека консумирањето помалку од еден газиран пијалак неделно е поврзано со 14 отсто поголема веројатност за замастен црн дроб, додека седум или повеќе пијалаци неделно ја зголемуваат веројатноста за 53 отсто. Друга студија открила дека луѓето кои пиеле барем еден засладен пијалак неделно имале повеќе од два ипол пати поголема веројатност да развијат замастен црн дроб.

Како диеталните пијалаци влијаат на црниот дроб?

Според зборовите на хепатолозите, диеталните пијалаци не влијаат на црниот дроб толку негативно како оние со шеќер, но тоа не значи дека се безопасни. Лекарите објаснуваат дека врската помеѓу диеталните пијалаци и здравјето на црниот дроб е посложена. За разлика од обичните сокови, нема научни докази дека диеталните сокови директно предизвикуваат МАСЛД, но можат индиректно да му наштетат.

Доктор Џахете вели дека научните истражувања покажуваат поврзаност помеѓу редовното пиење диетални газирани пијалаци и дебелеењето, веројатно затоа што вештачките засладувачи ја зголемуваат желбата за шеќер.

– Нормално, кога ќе вкусиме нешто слатко, телото се подготвува за доаѓањето на калориите и ги покренува метаболичките и хормоналните реакции, вклучително и сигналите за ситост. Кога сладоста доаѓа без калории, од ден на ден, таа научена врска почнува да слабее. Телото станува помалку сигурно во регулирањето на внесот кога се појавува храна што навистина содржи шеќер – објаснила д-р Пурохит.

Освен тоа, д-р Џахете напоменува дека постојат докази дека вештачките засладувачи ја менуваат рамнотежата на бактериите во цревата.

– Таа нерамнотежа може да го промени начинот на кој ја метаболизирате храната и потенцијално да доведе до инсулинска резистенција. Може  дури и да го зголеми апетитот – рекла таа.

Како со исхраната да го поддржите здравјето на црниот дроб?

Информациите дека и редовните, па дури и диеталните сокови можат да придонесат за болести на црниот дроб може да бидат обесхрабрувачаи. Сепак, лекарите истакнуваат дека нема ништо лошо во повременото консумирање. Ако тоа е ретка навика, нема причина за грижа.

Ако редовно пиете сокови, диеталната верзија е подобар избор од онаа со шеќер, но уште подобар избор е газираната вода без никакви додатоци.

– Газираната вода нуди наједноставно решение: без фруктоза, без вештачки засладувачи и без отворени научни прашања. Самата газирана вода нема познато дејство врз црниот дроб – рекла д-р Пурохит.

За поддршка здравјето на црниот дроб, д-р Пурохит ја препорачала медитеранската исхрана која нагласува зеленчук, овошје, растителни протеини, морска храна и маслиново масло, со минимален внес на црвено месо и ултрапреработена храна.

– Податоците сугерираат дека повеќе од две порции црвено месо неделно или околу една порција преработено месо како што се сланина и колбаси, е доволно за да се смета за фактор на ризик за замастен црн дроб. Не мора целосно да се откажете од нив, но не треба да ги сметате за секојдневна храна – заклучила д-р Пурохит.

Преминувањето на газирана вода е едноставна замена што ќе го поддржи вашиот црн дроб, а воедно ќе ги задоволи вашите желби за ладен, газиран пијалак.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот