Бензински пумпи , Бензин , Нафта , Биодизел , Макпетрол , Окта - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бензински пумпи , Бензин , Нафта , Биодизел , Макпетрол , Окта - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Цените на горивата во ЕУ во мај пораснаа за 20,7 проценти на годишно ниво

Цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија пораснаа за 20,7 проценти во мај во споредба со истиот месец минатата година, објави денес Евростат. Според податоците од Европскиот завод за статистика, најголем годишен пораст на цените на горивата е забележан во Бугарија (33,9 проценти), по што следуваат Луксембург за 32,2 проценти, Литванија за 30,8 и Романија за 30,4 проценти.

Најнизок раст е регистриран во Унгарија, само 3,5 проценти. Следува Полска со 12,7 проценти, додека во Франција е забележан скок на цената на горивото од 29,2 проценти. Според податоците на Евростат, дизел горивото во ЕУ во мај било за 29 проценти поскапо отколку една година претходно, додека цените на бензинот се зголемиле за 16,2 проценти. На месечна основа, ситуацијата беше поинаква, бидејќи цените на дизелот во Европската Унија паднаа за 5,8 проценти во мај во споредба со април, додека цените на бензинот се зголемија за 0,8 проценти.

Романија беше единствената членка на ЕУ во која цената на дизелот се зголеми на месечна основа, за 1,6 проценти, додека најголемите намалувања беа забележани во Германија, Грција, Естонија и Ирска.

Кога станува збор за бензинот, цените се зголемија во 23 земји-членки помеѓу април и мај, а најголем раст е забележан во Италија, каде што бензинот се зголеми за 6,9 проценти, пренесува Танјуг. Евростат наведува дека цените на горивата во повеќето земји од Европската Унија биле во тренд на опаѓање до февруари оваа година, но дека следел силен годишен раст во текот на пролетта.

Од утре дизелот поевтин за 7 денари, бензините за 3,5 и 4 денари за литар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот