Гордана Димитриеска Кочоска

„Како оделе на работа без регулиран статус?“- Димитриеска-Кочоска со прашања до Детска клиника

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со затворањето на Одделот за имунологија на Детската клиника во Скопје, упати серија прашања до раководството на установата и ја оспори нивната аргументација околу недостигот на согласности за вработување.

-Ако барањето од Детската клиника е пристигнато на 22 јануари, тогаш како тие доктори и вработени доаѓале на работа претходните 22 дена? Кој ги повикувал на работа ако немале регулиран статус? Такви работи требало да се обезбедат уште пред Нова година- изјави министерката.

Таа посочи дека институциите имаат законски рокови за постапување по барањата и повика јавноста да побара дополнителна документација од надлежните.

-Побарајте ги документите од архивите. Нека покажат колку согласности добиле во април, кого тогаш вработиле и кои лица останале без трајно вработување. Кои 38 лица се вработени, нека кажат кои се тие лица- рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека во буџетот евидентно е зголемување на ставката за плати за 1,1 милијарда денари, додавајќи дека од институциите било побарано рационализирање на трошоците до пет проценти.

Директорот на Детска клиника Реџеп Мемеди го затвори одделот за имунологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот