Доцова по средбата со Гаши во Софија: Нема што да се преговара, единствениот пат напред е Преговарачката рамка
Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година за да продолжи по својот европски пат. Ова не е предмет на повторно преговарање. Потребно е да се направат уставни измени, му порачала претседателката на бугарското Народно собрание Михаела Доцова на македонскиот спикер Африм Гаши на денешната билатерлана средба на маргините на 13. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, јавуваат бугарските медиуми.
Препорачано
Доцова ја изразила загриженоста на Софија во врска со антибугарските демонстрации, како и со невидениот напад врз дипломатските автомобили на бугарската дипломатска мисија. Таа побарала праведна казна за сторителот.
Гаши ја поканил Доцова и парламентарната делегација да го посетат Скопје, се додава во извештаите на бугарските медиуми.
Како што претходно информираа од кабинетот на Гаши, претседателот на македонското Собрание на својата бугарска колешка ѝ порачал дека градењето наративи со фокус кон минатото ги оптоварува односите меѓу Македонија и Бугарија.
Гаши ја искажал и посветеноста на Македонија на добрососедските односи, европските вредности и регионалната стабилност при што констатирал дека моделот на градење наративи со фокусирање кон минатото и историјата се покажал како предизвик којшто ги оптоварува односите и несомнено треба да се разговара за други развојни теми.
Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје на средба со Мицкоски


