Кенија / Фото EPA-EFE/STR

Кенија: Останки од седум возрасни и 25 бебиња пронајдени во вреќи во масовна гробница

Локалните власти вчера ексхумираа 32 тела од масовна гробница во градот Керицо во југозападна Кенија, пренесува Би-би-си.

Полицијата во саботата била известена за масовно погребување на 14 тела од страна на непознати лица на гробишта во областа, според извештаите на кениските медиуми.

Останките од „седум возрасни и 25 бебиња“ беа пронајдени во масовната гробница, изјави за новинарите форензичкиот патолог Ричард Њороге. Телата, од кои некои се распарчени, се ставени во вреќи, рече тој. Се верува дека некои потекнуваат од мртовечници, додаде тој.

Човечките останки беа префрлени во форензичката лабораторија за да се утврдат причините за смртта за секој случај.

Во 2023 година, јавноста беше шокирана од откривањето на стотици тела во шумата Сакахола, во близина на Момбаса. Повеќето од жртвите починаа од глад откако следеа проповед од водач на култ, кој ги повика да постат до смрт за да „се сретнат со Исус“ пред крајот на светот, кој тој предвиде дека ќе се случи во август истата година.

Случајот стана познат како „Масакрот во шумата Сакахола“, една од најлошите трагедии во светот во кои е вклучена секта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот