Мурат Јакин/Swiss Nati Men FB

Мурат Јакин по драмата со Колумбија: Имавме план, но и малку среќа

Швајцарската фудбалска репрезентација обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако по подобро изведување пенали ја елиминираше Колумбија.

По 120 минути без голови (0:0), победникот беше решен во пенал-рулетот, каде Швајцарците славеа со 4:3 и изборија голем четвртфинален дуел против Аргентина.

Селекторот Мурат Јакин по натпреварот не го криеше олеснувањето. Швајцарскиот стратег призна дека неговиот тим не одиграл спектакуларен натпревар, но дека успеал да го спроведе планот и да ја покаже потребната зрелост во најважните моменти.

„Не мислам дека сакате да го слушнете мојот план за игра денес, но на крајот испадна токму онака како што сакавме. Тоа е најважното. Ни требаше искуство на почетокот и ни требаше вистинскиот менталитет“, изјави Јакин.

Тој посочи дека промените во второто полувреме му донеле поголема контрола на играта, а дел од фудбалерите биле подготвувани токму за можниот пенал-расплет.

„Во второто полувреме направивме замена која ни даде поголема контрола, особено во поседот на топката. Како што одминуваше натпреварот, успеавме да ги внесеме играчите што ги сакавме за изведувањето пенали. Секогаш имате план. Кога на крајот ќе успее, задоволството е уште поголемо“, додаде швајцарскиот селектор.

Јакин призна дека неговата селекција имала и доза среќа, но смета дека тоа е составен дел од големите турнири.

„Секако, денес имавме малку среќа, а и тоа е дел од фудбалот“, порача Јакин.

Швајцарија сега ќе има неколку дена за одмор и подготовка пред најголемиот предизвик досега – четвртфиналниот дуел против актуелниот светски шампион Аргентина.

ВИДЕО | Египет долго ќе жали, Аргентина со чудесен пресврт до четвртфинале на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот