Фото: EPA/Henry Chirinos

Бројот на загинати од разорните земјотреси во Венецуела надмина 4.300

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.333 лица, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Тој изјави дека идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани, пренесува Ал Арабија.

Според официјалните податоци, бројот на повредени останува 16.740, а од урнатините досега се спасени 6.462 лица. Околу 17.000 жители останале без своите домови.

Родригез најави дека вршителката на должност претседател Делси Родригез следната недела ќе им ги додели првите 200 новоизградени куќи на семејствата кои останале без покрив над главата. Тој не соопшти дополнителни детали за програмата за сместување, но истакна дека властите веќе работат на обезбедување трајно решение за погодените семејства.

Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици.

Хорхе Родригез порача дека спасувачките тимови нема да се откажат од потрагата.

Венецуела бара да ѝ се одмрзнат средствата во странство за да се справува со последиците од земјотресите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот