Скелет од изумрен вид на слон „ананкус арверненсис“ / Фото: Wikimedia commons / Ghedoghedo

ФОТО | Големо откритие во Англија — момче случајно пронашло заб од слон стар 1,8 милиони години на плажа

Единаесетгодишно момче во Англија неодамна открило заб од изумрен вид слон кој живеел пред околу 1,8 милиони години, шетајќи на локалната плажа.

Момчето Чарли Орчард-Лајл го пронашло фосилизираниот заб на плажата Ист Лејн во Баудзи, крајбрежно село во близина на Ипсвич, Сафолк, пренесува „Фокс њуз“.

Пронајден во близина на брегот, примерокот подоцна бил идентификуван како горен лев катник на слон од семејството „ананкус арверненсис“ (anancus arvernensis), широк околу 10 сантиметри, и е изумрен роднина на современите слонови, вклучувајќи го и денешниот африкански слон.

– Всушност, одевме по должината на плажата, а 10 минути пред тоа, мојот син Чарли велеше колку ги сака слоновите – рекла мајката на момчето и додала дека семејството веднаш препознало дека станува збор за необично откритие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот