Фото: принтскрин од видео од X / Kairos09

Мрачни прогнози по земјотресот во Венецуела: Бројот на мртви би можел да достигне и до 10.000?

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на повеќе од 1.700 луѓе, изјави денес претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, објави „Њујорк тајмс“.

Родригез во обраќање на државната телевизија рече дека повеќе од 5.000 луѓе се повредени во земјотресите и дека повеќе од 15.000 останале без покрив над главата, објави „Ројтерс“.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, а крајбрежната држава Ла Гваира беше најтешко погодена.

Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации за Венецуела, Џанлука Рампоља дел Тиндаро, денеска објави дека ОН се подготвува за можноста бројот на жртви од земјотресите што неодамна ја погодија Венецуела да достигне до 10.000.

Повикувајќи се на најновата официјална бројка од 1.450 жртви од земјотресот што се случи на 24 јуни, тој рече дека бројката „неизбежно и за жал ќе продолжи да расте“, пренесува Скај њуз.

Тиндаро додаде дека ОН работи со претпоставката дека бројот ќе се искачи до 10.000 мртви, но изрази надеж дека „бројката всушност ќе биде помала од тоа“.

Две момчиња спасени од урнатините на земјотресот во Венецуела, каде беа заробени со денови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот