Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Далиќ во следните денови ќе знае дали ќе остане селектор на Хрватска

Хрватската фудбалска репрезентација се врати од Светското првенство, на аеродромот Фрањо Туѓман, играчите беа пречекани од неколку стотици навивачи, а сите чекаа да чујат што ќе каже селекторот Златко Далиќ.

– Моравме, требаше и заслужувавме повеќе. Мислам дека одигравме добар турнир, покажавме дека можеме, но не сè помина како посакувавме. Понекогаш победуваш, понекогаш губи. Тоа е животот, тоа е фудбалот – рече Далиќ.

Хрватите беа второпласирани во групата Л, стартуваа со пораз од Англија (4:2), па триумфираа над Панама (1:0) и Гана (2:1). Во 1/16 финалето загубија од Португалија со 2:1.

– Според мене, одигравме добар турнир. Двата натпревари, против Португалија и Гана, беа навистина на високо ниво, на нивото на кое треба да биде Хрватска. Штета е што не успеавме да се пласираме. Кога ќе се собере сè, тоа е комбинација од околности. Наша е вината што не направивме повеќе. Имавме лоша среќа и грешки, и на крајот се вративме дома порано отколку што сакавме. Ви благодариме на сите за вашата поддршка, им благодариме на луѓето што беа со нас овие 10 дена – вели Далиќ.

Во изминатиот период веднаш по елиминација се зборуваше дали хрватската репрезентација и натаму ќе ја води Далиќ.

– Тукушто се вративме дома. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Федерацијата за неговата поддршка и доверба. Веќе реков дека ќе разговараме во наредните денови и ќе донесеме одлука што е најдобро за хрватскиот фудбал и за сите нас. Ова дефинитивно е крај на една ера, крај за некои од играчите и одлична приказна – се зборовите на Далиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот