Фото: Тимчо Муцунски/Фејсбук

Муцунски во Катар: Потврдена заложбата за унапредување на соработката во одбраната и безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска, во рамки на работната посета на Катар, остварил средба со заменик-претседателот на владата и државен министер за одбрана на Катар, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани.

Како што објави Муцунски на Фејсбук, на средбата биле разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната, а биле разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни безбедносни предизвици.

-Разговаравме за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Разменивме и мислења за актуелните регионални и меѓународни безбедносни предизвици. Ја истакнав нашата улога како земја членка на НАТО и ја поздравив улогата на Катар како важен партнер на Алијансата – стои во објавата на министерот за надворешни работи.

Муцунски додаде дека на средбата била потврдена и заедничката заложба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста преку зајакнување на дијалогот и унапредување на билатералната и мултилатералната соработка.

 Филипче ставаше нули, Мицкоски ставаше во затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот