Брегот на Слонова Коска/ EPA/LEGNAN KOULA

Кои се најмладите репрезентации на ова Светско првенство?

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска ќе биде најмладата селекција на претстојното Светско првенство, покажуваат статистичките анализи за просечната возраст на националните тимови кои ќе настапат на турнирот.

Африканската селекција на Мундијалот ќе настапи со просечна возраст од 25,35 години, со што се наоѓа на првото место меѓу сите учесници. Веднаш зад неа е Еквадор со просек од 25,58 години, додека Босна и Херцеговина и Мароко ја делат третата позиција со просечна возраст од 25,92 години.

Во групата на помладите репрезентации се и Тунис со 26,15 години, Шпанија со 26,19, како и Јужна Африка и Норвешка, чии состави имаат просек од по 26,35 години. Во првите десет најмлади селекции се наоѓаат и Соединетите Американски Држави и Гана со просечна возраст од 26,42 години.

Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а спектаклот започнува на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка. Финалниот меч е закажан за 19 јули, кога ќе биде крунисан новиот светски шампион.

Кои се највисоките и најниските фудбалери на Мундијалот?

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

Од Стабиле до Мбапе: Ова е листата на најдобри стрелци на сите светски првенства

Колку вредат дресовите кои испишаа историја на светските првенства?

Кои се највисоките и најниските фудбалери на Мундијалот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот