Шкендија Арачиново го задржа Столески – херојот од пеналите во баражот
Македонскиот голман Антониo Столевски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново, откако клубот официјално потврди дека е постигнат договор за продолжување на соработката на уште една година.
Препорачано
Столевски беше еден од клучните фудбалери на тимот во минатата сезона и даде значаен придонес во остварувањето на амбициите на клубот, особено во бараж-натпреварите за пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Од редовите на Шкендија Арачиново истакнаа дека искусниот чувар на мрежата ќе продолжи да има важна улога во тимот и во периодот што следува.
„Неговото искуство, професионалност и посветеност на теренот и надвор од него претставуваат голема вредност за клубот и гаранција за предизвиците што нѐ очекуваат во елитното натпреварување“, соопштија од клубот.
Дваесет и четиригодишниот голман од Прилеп во својата досегашна кариера ги бранеше боите на Победа, Велешта, Караорман, Кожуф и Слога Виница, а во Шкендија Арачиново пристигна во текот на пролетниот дел од сезоната.
По доаѓањето во клубот, Столевски брзо ја оправда довербата и се наметна како прв избор меѓу стативите, потврдувајќи ја својата важност во составот на тимот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
35мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


