Ибрахимовиќ откри за кого навива на Светското првенство, но како да ја заборви Босна
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално се наоѓа во Северна Америка, каде што е ангажиран како стручен консултант во телевизиските преноси на Светското првенство.
Препорачано
Поранешниот напаѓач учествуваше во анализа на групите пред почетокот на турнирот, при што откри која група му е најинтересна, но и за кого ќе навива на шампионатот.
„Ја избирам групата Л. Таму е Англија, па ќе видиме дали фудбалот се враќа дома. Тука е и Хрватска, јас имам корени од таму, па навивам за Хрватска на ова Светско првенство. Гана има многу таленти и ќе биде интересно да се види како ќе се претстави. Панама е аутсајдер во групата“, изјави Ибрахимовиќ.
Неговиот коментар за Панама предизвика и насмевки во студиото, а реакција имаше и поранешниот француски напаѓач Тиери Анри, кој беше гостин во емисијата.
Иако изрази поддршка за Хрватска, нема сомнеж дека Ибрахимовиќ ќе ги следи и настапите на Шведска, земјата во која е роден и за чија репрезентација има одиграно 122 натпревари и постигнато 62 голови.
Интересно е што овојпат не ја спомена Босна и Херцеговина, иако неговиот татко Шефик е роден во оваа земја. Неговата мајка Јурка Гравиќ потекнува од Хрватска, од околината на Задар.
Американците ги предупредија навивачите на Мундијалот да внимаваат на смртоносна дрога
ВИДЕО | Јужнокорејски навивач залута меѓу Мексиканци и стана дел од големото славје
ВИДЕО | Босанците прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто
Канада е фаворит, БиХ брка изненадување на стартот од Светското првенство


