Искра Канзурова / Фото: Фејсбук/Искра Канзурова

„Светот е пред вас“: Искра Канзурова има голема причина за среќа за ќерката Матеа

Водителката Искра Канзурова е многу горда на својата ќерка Матеа Канзурова.

Младата балерина со своите соученички ги освојува сцените со својот талент и посветеност кон балетската уметност. Гордата мајка, Искра на социјалните мрежи сподели фотографија од настап на својата ќерка со колешките, упатувајќи емотивна порака: „Летајте девојки, светот е пред вас“ и изрази благодарност до професорката Дафина Данилоска и ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Матеа, која е дел од младите балетски надежи, настапува на сцена во впечатлив балетски перформанс, а поддршката од семејството е секогаш присутна.

„И секако мојата Матеа Канзурова“, напиша водителката.


Во едно интервју за „Слободен печат“, таа зборуваше за својот приватен живот.

„Во воспитувањето, како и кај повеќето балкански мажи, улогата на Владо е главна кога успесите на децата се негова заслуга, а за неуспесите сум јас виновна. Хахаха, се шегувам. Супер баланс си имаме. Секогаш кога ќе му згусти, се качува на еден од неговите велосипеди, тоа си е неговиот издувен вентил и потоа се враќа дома како бајче“, изјави Искра за сопругот Владимир Канзуров.

„Мене искрено не ми треба издувен вентил, затоа што јас сериозно уживам со децата. Време за излегување имам, но не ми се виновни децата, туку не можам поради Утринската програма, затоа што станувам во 4.15. Така што, во попладневните часови, знаеме да седнеме со другарките. Тие другарки се многу важен дел од мојот живот, затоа што ми се другарки од прво одделение“, рече Искра во времето кога беше дел од Утринската програма на ТВ „Алфа“.

Во октомври лани, таа јавно, пред камерите на Алфа се поздрави од своите гледачи и рече дека е време да продолжи понатаму со нешто ново.

„Одам во еден поинаков сектор, кој има допирни точки со телевизијата, но во маркетинг сегментот“, рече Канзурова, која сега води поткаст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот