Зошто скоро сите фудбалери на СП 2026 носат копачки во иста боја?
Додека навивачите за време на првите натпревари од Светското првенство 2026 ги следеа головите, црвените картони и спектакуларната атмосфера, многумина забележаа и еден необичен детаљ.
Препорачано
Речиси сите фудбалери на теренот носеа розови копачки.
Станува збор за интересен тренд што ја зафати целата фудбалска индустрија во пресрет на најголемиот спортски настан во годината.
Според анализа на „Би-би-си“, најголемите светски производители на спортска опрема, „Најк“, „Адидас“ и „Пума“ за Светското првенство претставија нови колекции во многу слични нијанси. Доминира таканаречената „Електрик фуксија“, впечатлива комбинација од розова и виолетова боја со изразен неонски ефект.
Поради тоа, за време на првите натпревари речиси сите фудбалери носеа копачки со сличен изглед, без разлика на тоа на кој бренд му припаѓаат.
Интересно е што уште во 2024 година експертите за предвидување трендови од компанијата „Ви-џи-ес-ен“ проценија дека токму „Електрик фуксија“ ќе биде една од доминантните бои за летото 2026 година. Тие ја опишаа како живописна и енергична нијанса што привлекува внимание и го симболизира дигиталното време.
Додека навивачите за неколку години ќе се сеќаваат на головите, големите победи и новите ѕвезди, постои голема веројатност овој Мундијал да остане запаметен и по еден необичен детаљ, розовите копачки што ги преплавија фудбалските терени.
„Фудбалот се враќа дома“ – како настанал најпознатиот англиски слоган


