Дубаи ја освои АБА лигата, Партизан првпат по пет години заврши сезона без трофеј
Партизан остана без шанса да ја освои деветтата титула во АБА лигата, откако загуби од Дубаи, кој со победата од 83:81 во „Белградска арена“ ја доби финалната серија со 3:1.
Препорачано
Со овој пораз, „црно-белите“ ја завршуваат сезоната без ниту еден трофеј, првпат по 2021 година, иако беа во конкуренција за четири различни титули.
Тимот на Дубаи, предводен од словенечкиот селектор Александар Секулиќ, одлично го отвори натпреварот и уште на стартот создаде предност од 11:2, што го натера тренерот на Партизан, Шпанецот Жоан Пењароја, да побара тајм-аут.
Паузата донесе реакција кај домашниот состав, кој постепено се врати во игра и успеа да ја намали негативата. Сепак, Партизан тешко доаѓаше до водство и само двапати накратко беше во предност и тоа со минимална разлика од еден поен, која не успеа подолго да ја задржи.
Дубаи во продолжението ја зачува присебноста и на крајот стигна до историски успех, освојувајќи ја титулата во регионалното натпреварување. Мифунду Кабенгеле со 14 поени беше прво име кај Дубаи, додека кај Партизан по 16 поени постигнаа Исак Бонга и Стерлинг Браун.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


