Фото: Профимедиа

Еве зошто да не користите вентилатор за време на топлотен бран, станува опасен над 35 степени

Борбата за разладување на просторот е во полн ек. Првиот инстинкт на многу луѓе е да го вклучат вентилаторот. Но, дури и најдобрите вентилатори помагаат само до одредена точка, по што можат да станат не само бескорисни, туку и опасни, пишува британски „Телеграф“.

Кога вентилаторите стануваат опасни

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) наведува: „Механичките вентилатори може да се користат за интензивирање на струењето на воздухот ако температурите се под 35 степени. Над таа температура, вентилаторите можеби нема да ги спречат болестите предизвикани од горештините и може да ја влошат дехидрацијата.“

Слични упатства издала и британската Националната здравствена служба (НХС), која вели дека „електричните вентилатори можат да помогнат ако температурата е под 35 степени“. При екстремни горештини, електричниот вентилатор само ризикува да потиснување на врелиот воздух низ просторијата.

Со оглед на тоа што Метеоролошката канцеларија издаде црвени и портокалови предупредувања за екстремни горештини, експертите понудија подетални совети за тоа како најдобро да се разлади домот.

Задржете ја топлината надвор од домот

Одржувањето на внатрешноста на домот ладна е првиот чекор кон успехот. Софи Велс, портпаролка на Метеоролошката канцеларија, препорачува да се „затворат сите ролетни и завеси на прозорците што се свртени кон сонцето и вратите и прозорците да се држат затворени во најжешкиот дел од денот“.

Затворањето на ролетните и прозорците ќе помогне внатрешните простори да останат постудени од надворешните, бидејќи топлиот воздух се задржува надвор, а сонцето не може толку лесно да ги загрее просториите.

Намалете ги непотребните извори на топлина

Во најжешкиот дел од денот, помеѓу 11 и 15 часот, најдобро е да останете внатре. УКХСА советува: „Електричното осветлување треба да се сведе на минимум, а апаратите не треба да се оставаат во состојба на приправност, бидејќи и тоа создава топлина“. Ако сепак мора да излезете, не заборавајте да нанесете крема за сончање, да носите шешир и лесна облека.

Хидратацијата е клучна за добар ноќен сон

Тешкотиите со спиењето се еден од клучните проблеми со кои се соочуваме во текот на високите температури. Според научникот за спиење д-р Софи Босток, падот на нашата телесна температура навечер му помага на телото да се подготви за спиење. Тој циклус е нарушен на температури над 25 степени, што го отежнува одморот и го прави помалку закрепнувачки.

Освен што препорачува да се одржува спалната соба ладна, д-р Босток советува и да се остане хидриран во текот на денот, што го поттикнува потењето кое го лади телото. Јадењето, исто така, ја зголемува телесната температура, затоа обидете се да вечерате најмалку два часа пред спиење.

Упатствата на НХС препорачуваат: „Јадете ладна храна и редовно пијте ладни пијалаци. Внесувајте дополнителни количества течности, но избегнувајте алкохол, кофеин и жешки пијалаци. Туширајте се со ладна вода или ставајте ладни облоги на кожата.“

Сончаница или топлотен удар — еве како да ги препознаете опасните состојби

Кога е пеколно жешко, лекарите ги избегнуваат овие 8 секојдневни навики

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот