Девојка јаде сладолед/Илустрација/Фото: Katya Wolf / Pexels

Нутриционистка откри што не треба да јадете за време на топлотен бран — сладоледот е меѓу најголемите изненадувања

Европа и Македонија ги погоди топлотен бран, поради што сите бараат секакви начин како да се изборат со високите температури. Прво што паѓа напамет се, секако, течностите, додека на исхраната малкумина обрнуваат внимание. Меѓутоа, секоја храна не треба да се внесува во нашето и онака загреано тело.

Во текот на траењето на топлотниот бран треба да избегнувате одредени видови намирници. На оваа листа се наоѓаат некои што би можеле да ве изненадат.

Нутриционистката Лола Бигс сподели која храна препорачува да се јаде за време на топлотен бран – и што би избегнувала по секоја цена.

Бигс изјави за британски „Метро“ дека купениот сладолед не е добар избор за разладување, и покрај тоа што многумина посегнуваат по него за време на топлотниот бран, а објасни и зошто.

– Можеби делува разладувачки во моментот, но сладоледот содржи многу масти и шеќер, што значи дека вашето тело мора да работи понапорно за да го свари, па отпосле можете да се чувствувате уште потопло потоа – вели нутриционистката.

Таа предлага мешање на замрзнати бобинки или банани измиксани со грчки јогурт за покремаста текстура, додека кокосовата вода може да послужи како полесна и похидратирачка опција со помалку додаден шеќер и повеќе протеини.

Во групата намирници што исто така треба да се избегнуваат, нутриционистката ги навела чипсот и јаткастите плодови (бадеми, лешници, ореви). Како што објаснила, таквата храна може да ја зголеми жедта и да придонесе за дехидрацијата, а поради солта, може да предизвика и задржување на вода, надуеност и непријатност. Како замена советува печена леблебија со пиперка, кој обезбедува слична крцкавост, но и дополнителни влакна и протеини.

Бигс предупредува и против белиот леб, за кој вели дека содржи малку вода и влакна, па во текот на горештините може да остави чувство на тежина и тромост. Наместо тоа, препорачува полесни оброци, како што се ролни од зелена салата полнети со краставица, домат, фета-сирење и малку сок од лимон.

За вечера таа предлага едноставни јадења кои не бараат многу готвење, како што се оброци со ориз или мешана салата, туна или лосос, моркови, леблебија и варени јајца. Како добар избор ги наведува и такосите со тиквички и грав, додека како особено хидрирачко јадење го издвојува ладното гаспачо направено од домати, краставици и црвени пиперки.

Сончаница или топлотен удар — еве како да ги препознаете опасните состојби

Кога е пеколно жешко, лекарите ги избегнуваат овие 8 секојдневни навики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот