Трагедија во Хрватска: жена отишла на капење со семејството, се удавила

Жена вчера се удавила во езерото Трстеник кај Загреб откако со семејството отишле да пливаат, пренесува „Дневник.хр“.

Несреќата се случила околу 20 часот, кога 43-годишната жена влегла во водата и повеќе не се појавила. Со неа биле и 43-годишен маж и девојче.

Мажот, со помош на очевидци, успеал да ја извлече жената на брегот. Повикал итна медицинска помош, но жената починала на самото место.

„На телото не се забележани повреди кои би укажувале дека смртта настанала како последица на кривично дело. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб“, соопштија од загрепската полиција.

Со цел да се избегнат слични трагични настани, полицијата во соопштение ги потсети сите граѓани да се капат само на обезбедени плажи.

Исто така, препорачаа да не се плива најмалку еден час по оброк или по консумирање алкохол.

„Една од најчестите грешки, која ја прават многумина, е влегување во вода веднаш по оброк. Исто така, консумирањето алкохол е еден од главните ризични фактори кај давењата, и кај млади и кај возрасни луѓе. Друга честа грешка е влегување во вода по долго изложување на сонце за разладување. Секогаш треба постепено да се влегува во водата, за организмот да има време да се прилагоди, без разлика колку е топла водата. Во спротивно, телото може да доживее шок при контакт со студена вода“, наведува полицијата.

Тие предупредуваат и да не се скока во вода со непозната длабочина поради можни повреди.

Трагедија во Хрватска: 8-годишно дете се удави во реката Драва, спасувачи го пронајдоа неговото тело по четиридневна потрага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот