Фото: ФК Вардар

Вардар пред натпреварот со Купс испрати двајца фудбалери на позајмица, се преговара за уште еден

Само два дена пред првиот дуел со Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Вардар остана без двајца фудбалери, а не е исклучено во наредните денови да се раздели и со уште еден.

Мануел Куестас кариерата привремено ќе ја продолжи во црногорскиот прволигаш Језеро, каде што заминува на едногодишна позајмица и веќе денеска треба да му се приклучи на новиот тим. На позајмица заминува и Или Зибери, кој во претстојната сезона ќе настапува за Тетекс.

Покрај нив, можно е Вардар би можел да го испрати на позајмица и Ибрахим Оласебикан. За неговите услуги интерес покажуваат прволигашите Скопје и Арсими, па во наредниот период се очекува да биде познато дали и тој ќе ја продолжи кариерата како позајмен фудбалер.

Критериуми на Светското првенство: Никогаш помалку фаули, но најмногу исклучувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот