Со поразот од Норвешка за Бразил продолжи црната низа долга 24 години
Поразот од Норвешка со 2:1 во осминафиналето на Светското првенство само ја продлабочи долгогодишната негативна традиција на Бразил против европските селекции на мундијалите.
Препорачано
Последната светска титула „кариоките“ ја освоија во 2002 година, а оттогаш секоја елиминација на Светско првенство доаѓа токму од европски противник.
Црната серија започна во 2006 година, кога Франција го запре Бразил во четвртфиналето. На следниот Мундијал, во 2010 година, Холандија беше подобра во истата фаза од натпреварувањето.
Домашното Светско првенство во 2014 година донесе едно од најтешките разочарувања во историјата на бразилскиот фудбал, кога Германија убедливо ги елиминираше во полуфиналето, по што Бразил загуби и од Холандија во натпреварот за третото место.
Негативната низа продолжи и во следните изданија на Мундијалот во 2018 година. Белгија беше кобна за Бразил во четвртфиналето, четири години подоцна Хрватска го елиминираше по изведување пенали, а сега нов удар му зададе Норвешка, која со победата од 2:1 го заврши настапот на бразилската репрезентација уште во осминафиналето.
Така, повеќе од две децении по последната светска титула, Бразил сè уште не успева да го прекине непријатниот тренд против европските репрезентации на најголемата светска фудбалска сцена.
🇧🇷 Brazil have now lost ALL SEVEN of their WC knockout ties vs European teams since winning the 2002 World Cup!
❌ 2006 QF 🇫🇷 France
❌ 2010 QF 🇳🇱 Netherlands
❌ 2014 SF 🇩🇪 Germany
❌ 2014 3rd 🇳🇱 Netherlands
❌ 2018 QF 🇧🇪 Belgium
❌ 2022 QF 🇭🇷 Croatia
❌ 2026 R16 🇳🇴 Norway— Football Meets Data (@fmeetsdata) July 5, 2026


